Ротари Клуб
Скопје Интернационал
Нашиот Ротари клуб обединува членови од различни места, генерации и професии, кои иако карактерно различни, работат со заедничка визија за создавање трајни промени во општеството.
10 години Ротари клуб Скопје Интернационал – деценија на пријателство, хуманост и визија
По повод 10-годишнината од основањето, на 30 јуни 2022 година, Ротари клуб Скопје Интернационал организира свечен настан што се одржа во хотел Лимак во Скопје и собра повеќе од 200 ротаријанци од земјата, регионот и пошироко.
Меѓу присутните беа и Н.В. Кејт Мери Бернс, амбасадорка на САД, дистрикт гувернерот Душан Петерковиќ, како и гувернерот-избран Раде Христовски, заедно со претставници на бројни ротари клубови од повеќе земји.
Настанот, кој помина во свечена и пријателска атмосфера, беше можност за потсетување на најзначајните постигнувања во изминатата деценија и потврда на посветеноста кон ротаријанската мисија за служба, хуманост и поврзување на заедниците.
Во рамките на свеченоста, актуелната претседателка Ангелка Пеева Лаурениќ го предаде претседателскиот ланец на новоизбраната претседателка Евита Иванова, симболично означувајќи нова ротаријанска година која започнува на 01 јули.
На настанот, во духот на ротаријанската традиција, беа доделени ротаријански значки на поголема група на новоизбрани членови на клубот, со што се потврди континуираниот раст и обновување на ротаријанската заедница.
Во хуманитарниот дух на Ротари, на настанот беа собрани средства наменети за поддршка и развој на ротаријанството во земјата и за реализација на идни општествено корисни проекти.
Еве неколку незаборавни моменти од настанот: